Традиционалната листа на „TC Candler and Independent Critics“ секоја година го избира најубавото лице. Со оваа традиција започнале далечната 1990 година. Често има и некои помалку познати дами.
Во годината која полека е зад нас, експертите ја избраа жената со најубаво лице. Тоа е корејско-американската пејачка Ненси Џуел Мекдона. Ненси има 23 години и беше најмладата членка на поп групата „Момоленд“, која се распадна оваа година.
Фото: Википедија
После тоа, таа ја продолжи својата соло кариера. Со блед тен и слатки и нежни црти на лицето, Ненси го освои првото место за најубаво лице во 2023 година!
Фото: Фејсбук профил
Второто место го зазеде младата руска инфлуенсерка Даша Таран, а трета корејско-јапонската пејачка Сана Минатозаки, која често ги краси насловните страници на модните списанија.
Фото: Јутјуб
Убавата актерка Маргот Роби повеќе пати е прогласена за најубава жена на светот. Сепак, таа не се прослави на оваа листа. Таа го зазеде 90-тото место, додека Аријана Гранде се најде на 79-тото место