СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Х.(34) од Тетово и правно лице од истиот град поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“.
На 11.05. и 12.05.2023, пријавениот во име на правното лице, сопственост на неговата сопруга, со две лица од Куманово склучил договори за купопродажба и монтажа на гелендери, кои требало да се монтираат во куќи во Австрија, за што лицата му дале 9.800 евра депозит.
На трансакциска сметка му биле префрлени уште 2.000 евра, но тој не ја однел нарачката и не постапил согласно договорот.