На бебе старо неколку дена акушерка од скопската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) ненамерно му пресекла дел од прстот. Бебето веднаш било пренесено на Клиниката за детска хирургија, додека акушерката е суспендирана.
Од ГАК го потврдуваат случајот и објаснија дека акушерката ненамерно му го пресекла палецот на бебето при испис.
-Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата. На акушерката и’ е изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место “, информираат од ГАК.