Украинската армија соопшти дека извршила воздушен напад врз градот Феодосија на полуостровот Крим.
Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук изјави дека во тој напад бил уништен рускиот десантен брод „Новочеркаск“ на Црноморската флота, а Русија сега потврди дека е оштетен и десантниот брод „Новочеркаск“, пренесува „Би-Би-Си“.
🔥 A large landing ship Novocherkassk was destroyed in Crimea https://t.co/jV0wIisjTh pic.twitter.com/sgwNudHETE
— Slava 🇺🇦 (@Heroiam_Slava) December 26, 2023
Руското Министерство за одбрана соопшти дека амфибискиот јуришен брод „Новочеркаск“ бил погоден од украински борбен авион кој носел наведувани проектили. Нападот се случил во пристаништето Феодосија на полуостровот Крим.
A large landing ship Novocherkassk was destroyed in Crimea https://t.co/rA4cfnsEtN pic.twitter.com/TZb6ougwNd
— Slava 🇺🇦 (@Heroiam_Slava) December 26, 2023
— Slava 🇺🇦 (@Heroiam_Slava) December 26, 2023
Руското Министерство за одбрана информираше дека украинскиот напад бил изведен со крстосувачки ракети, лансирани од авион.
Москва, исто така, извести за едно лице убиено и две ранети во украинскиот напад врз пристанишниот град Феодосија на полуостровот Крим, анектиран во 2014 година. Ова го соопшти лидерот на Крим назначен од Русија, Сергеј Аксјонов.
🚨 BREAKING: Mykola Oleshchuk, Commander of the Air Force of Ukraine reports Russia's Black Sea Fleet Large Landing Ship Novocherkassk (BDK-46) has been SUNK at the Feodosia port in Crimea as a result of this night's strike.
Footage of this 112.5m long (369 ft) ship from 2020: https://t.co/JC43bdRZGc pic.twitter.com/i3e6pDTW5U
— Igor Sushko (@igorsushko) December 26, 2023