Парис Хилтон (42) и нејзиниот сопруг Картер Реум неодамна ја добија ќерката Лондон, а сега на Божиќ ги објавија првите фотографии со неа и синот Феникс.
Целото семејство позира во исти пижами.
-Среќен Божиќ! На почетокот на 2023 година не можев ни да ја замислам среќата и благодарноста што ги чувствувам сега. Моето прекрасно четиричлено семејство – мојот сон се оствари – напиша Парис.
Парис и Картер беа пријатели 15 години пред да започнат врска во 2019 година. Три месеци подоцна се свршија, а се венчаа во 2021 година. Синот Феникс го добија во февруари преку сурогат мајка, а ќерката Лондон ја пречекаа пред еден месец, пренесува 24часа.хр .