Вчера, денес и утре скопски Аеродром ќе оживее со радост и магија во паркот Авионче во Аеродром, каде што „Новогодишна Бајка“ ќе биде неопходна дестинација за сите љубители на добрата забава и предновогодишниот дух.
Фестивалот на вино, вода и храна обвиткан во празнична новогодишна тематика, ќе им понуди на скопјани дополнителна бесплатна забава во предвечерието на Нова Година на кој ќе настапат: Ивона Јо, Ламбе Алабаковски, Тамара Волчевска, Кате Нели ти реков и Ѓоко Ѓорчев, Куку Леле, Тони Андреев, Таско и Тони Зен.
Винаријата Парагон на сите посетители на настанот во сите три дена ќе им обезбеди бесплатно вино.
Освен музички репертоар, посетителите на „Новогодишна Бајка“ ќе имаат можност да уживаат и во различни производи на базарот, каде што ќе бидат достапни рачно изработени ракотворби, вина, вкусна храна и други креативни производи.
Дополнително, и за најмладите има низа забавни активности со омилените маскоти од цртаните филмови, како и специјален гостин – Дедо Мраз!
Настанот е финансиран од Град Скопје, како дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, а дополнително е финансиски поддржан и од Општина Аеродром.