Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со видео од терасата на Претседателството, објавено на неговиот официјален Инстаграм профил вели: .
-Јас сум тој што бев на тераса, кој бев во Претседателството, на моето работно место и воопшто не се уплашив од вас и нема да дозволам да ја уништите Србија! – пишува во објавата на видеото.
-Одвреме-навреме ми се чини дека не само нашите политички противници туку и нивните ментори однадвор мислат дека сите во оваа држава се идиоти. Дека никој нема очи, уши и дека никој не разбира што се случи синоќа. Сите видоа дека речиси три часа полицајците и имотот на граѓаните на Србија беа брутално нападнати од оние кои решија да ја уништат демократијата во Србија и изборната волја на нашиот народ. Сите го видоа, но сакаа да ја свртат приказната. Дека се шегуваат со Србија, дека се обидуваат сите заедно да не направат луди. Во морето од лаги кои ги кажуваа синоќа, денес само една работа беше вистина. А тоа е дека видоа човек кој им личеше на Вучиќ, кој беше токму на ова место каде што стојам сега, и го исвиркаа. Тоа е апсолутно точно. Бев на терасата на Претседателството, моето работно место, воопшто не се плашев од нив, не избегав во туѓа земја, не се криев во ниту еден бункер, и никогаш нема да се кријам од насилници или силеџии, јас секогаш ќе бидам со мојот народ, ќе ја браниме и чуваме демократијата, ќе го браниме и зачуваме мирот и стабилноста во нашата Србија. Да живее Србија – порача Вучиќ во видеото.