Почнаа подготовските за прослава на Бадник 2024 година, Денес на месноста Говрлевска краста на падините на Водно традиционално беа исечени бадникови гранчиња кои на Бадник ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Со музика, весело почна сечењето на гранчињата со пречек на кумот и здравичарот, како и на официјалните гости.
Се играше оро, се пееше и се посакаа желби за здравје и желба ваквата традиција да продолжи.
Берењето на бадниковите гранчиња е во организација на одборот за прослава на Бадник 2024.