Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи ја демантира бугарската вицепремиерка Марија Габриел, која изјави дека Бугарите во македонскиот Устав е единствениот услов за македонските евроинтеграции. Османи во снимениот разговор за „Стадион“ на Канал 77 тврди дека протоколите кои ги споменува Габриел, се избришани.
-Прашајте ја Габриел како тоа нивното барање на Самитот на ЕУ сега, на 15 декември во Брисел да стојат протоколите во заклучокот на ЕУ за Северна Македонија некако преку ноќ исчезнаа и ги нема во финалната верзија. Ги имаше до почетокот на состанокот, во кој пишува Преспанскиот договор , Договор со Бугарија како и протоколите, После состанокот ја нема реченицата и протоколите. Знаете зошто? Затоа што преговарачката рамка е ѕидот во кој има точно утврдено што може да помине и што не може да помине. Протоколите не се дел од овој проект со скринингот што го завршивме во Брисел, изјави Османи.
Министерот објаснува дека во ова има само малцински права и бара да се фокусираме на нив.
„Стадион“ со гостувањето на Бујар Османи е утре во 10 часот на Канал 77.