На Исланд еруптираше вулкан, што направи спектакуларни, но истовремено и застрашувачки сцени.
Жителите се евакуирани минатиот месец откако се забележани илјада мали земјотреси, а тоа ја зголеми веројатноста за ерупции.
Сепак, стручњаците велат дека вулканската активност станува помалку интензивна во споредба со почетната ерупција во понеделникот.
Тие предупредија дека загадувањето со гас би можело да ја погоди исландската престолнина, но засега нема прекини во воздушниот сообраќај, за разлика од 2010-та година кога ерупцијата на друг исландски вулкан предизвика откажување или одложување на илјадници летови.
Жителите на Гриндавик веќе еден месец се надвор од своите домови и сега дефинитивно нема да смеат да се вратат за Божиќ, потврди градоначалникот.
Сепак, нејасно е кога долго ќе трае вулканската активност на Исланд, познат како „земја на огнот и мразот“. Може да биде тивко со денови, но може да трае со месеци.