Државната лотарија на Србија соопшти дека е извлечена седмица во 101. коло од играта на среќа „Лото“, јавуваат српските медиуми.
Станува збор за сума од дури 5.100.000 евра, што е најголема награда во историјата на српската државна лотарија. Седмицата беше извлечена вечерва, 19.12.2023 година.
Добитниот тикет е уплатен во Панчево, а добитната комбинација е 2,7,13,20,25,31,36