Колку пати ви се случило да изговорите „јас ќе го направам тоа“, „сѐ можам сама“, „додека го чекам него, јас тоа ќе го направам пет пати“….
И така, едно утро се будите и сфаќате дека сте сами, односно дека вашиот партнер е целосно пасивен. Имате чувство како да сте му мајка, а не жена, бидејќи страста веќе одамна исчезнала?
Многу жени се всушност во машка енергија, со што се наоѓаат во иста ситуација како и Вие.
Машки и женски принцип
Сите ние имаме машка и женска енергија во нашите енергетски тела. Машката и женската енергија немаат никаква врска со полот, а и машките и женските може да ги користат и двете есенции. Типично, една од тие енергии е доминантна. Женската енергија се однесува на специфичен збир на особини кои се сметаат за целосна спротивност на особините поврзани со машката енергија. Вашата машка страна доаѓа до израз кога напредувате, работите на вашите цели и одите напред.
Вашата женствена страна пак, доаѓа до израз кога се движите низ животот прифаќајќи ја својата креативна енергија, танцувате, се прилагодувате на својот внатрешен процес.
Важно е да се напомене дека овие особини не се поврзани со полот.
Особините кои се дефинирани како „женствени“ произлегуваат од очекувањата пред кои се исправени жени и според кои се водат во своето однесување. Според ова, особините кои се поврзани со „машкоста“ не се особини кои ги имаат само мажите.
Денес знаеме дека луѓето може да имаат комбинација од овие особини, но сепак зборовите „женско“ и „машко“ сѐ уште може да бидат од помош во опишувањето на два различни и спротивставени начини на постоење.
По што се разликуваат машката и женската енергија?
Машката енергија сама по себе е движечка, експлозивна, иницијативна, енергија на давање, енергија на амбиции, на огромна сила и труд. Кога ја набљудуваме природата на машкото и женското тело, машкото тело е предодредено да може да издржи многу повеќе, додека женското е многу понежно.
Женската енергија е сама по себе многу посуптилна, понежна, поспора, поинертна. Женската енергија не е рестриктивна и таа не зависи од општествените норми. За неа се вообичаени интуитивното чувство и креативноста, но и соработката.
Сите ние, ги имаме во себе двете енергија. Но мажот е во баланс кога е повеќе во машка енергија, значи над 50 до 80 отсто, додека жената е во баланс доколку е од 50 до 80 % во женска енергија.
Од каде да почнете ако сте жена во машка енергија?
Ако сте жена во машка енергија, ваша главна задача е да научите да верувате во својот партнер и да му ја препуштите иницијативата тој да создава и да се чувствува добро.
Еве неколку идеи од каде да почнете:
Почнете со носење високи потпетици
Не само затоа што во високи потпетици ќе изгледате попривлечно, туку затоа што ќе мора да успорите. Нема да можете да трчате и да носите ќеси од пазарење, па со задоволство ќе прифатите помош.
Исфрлете ги работите кои се веќе износени и во кои не можете да излезете надвор
Размислете – зошто не ни е важно како изгледаме кога сме дома, а важно ни е како изгледаме кога сме надвор? Дали треба да сме средени само кога некој нѐ гледа? Секако дека дома треба да ни е удобно, но треба секогаш да се чувствуваме убаво и привлечно.
Медитирајте
Дури откако ќе ги смириме емоциите, телото и умот, почнуваме да се враќаме во баланс. Поради огромниот адреналин кој се лачи при стрес, ние сметаме дека е нормално да бидеме во брзина и постојано некаде да брзаме. Трпението и суптилноста се главни одлики на женската енергија.
Примајте
Женската енергија е енергија на примање. Научете да примате комплименти, подароци, помош и љубов.
И запаметете, секој промена бара време.
Извор: ekreator.hr