„Спонзозирана објава“
Едно колаче – една остварена детска желба
Макпрогрес како една од најголемите прехранбени компании на Балканот, повеќе години ја гради својата позиција на општествено одговорна компанија при што еден од нејзините фокуси е континуирана поддршка на работата на СОС Детско Село.
Во пресрет на празниците Макпрогрес започнува Новогодишна хуманитарна кампања со лимитирана едиција од најновиот празничен производ “LOVELY NIGHT” , чоколадни бисквит колачиња со шеќерна декорација.
Во кутијата има подарок уметничка хуманитарна честитка од СОС Детско село – како симболика за остварување на желбите на дечињата без родителска грижа.
“Како општествено одговорна компанија постојано се приспособуваме на променливата социјална и економска состојба и затоа традиционално веќе трета година креираме кампањи за да ја поддржиме работата на СОС Детско село со цел осттваурање на мисијата “Топол дом и грижа за секое дете”; кампањи кои не соединуваат нас како производител но и потрошувачите кои со купување на нашите производи ја поддржуваат ранливата група на деца без родителска грижа – изјавија од Макпрогрес.
“Ги повикуваме сите потрошувачи да бидат дел од оваа кампања, да купат од новите вкусни колачиња na Винчини, да напишат честитка на своите блиски и воедно да посакаат по една убава желба за децата без родители – за секое дете да може да свети силно на небото како блескава звезда” – повикаа од СОС Детско село
Новогодишнитe колачиња “LOVELY NIGHT” на Винчини со хуманитарна ознака веќе се дистрибуирани низ продажните места во секој град и се достапни за сите купувачи да можат да уживаат во вкусовите на производот, но и истовремено да се збогатат со чувството на радост и гордост и лична сатисфакција што помагаат на тие што најмногу им треба.