На прашањето од анкетата на ММС: „Како ќе заврши случајот со убиството на Вања Ѓорчевска?“, половина од корисниците на сајтот или 52% одговориле дека јавноста само делумно ќе дознае за настаните. На анкетата, која беше поставена на mms.mk, има 892 одговори.
Од нив 178 (20%) одговориле дека убиството целосно ќе биде расветлено, а креаторот на делото и сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата. 139 од корисниците или 16% сметаат дека ќе има долг процес на задоволување на правдата, додека најмалку или 111 (12%) одговориле дека првоосомничениот Љупчо Палевски ќе успее да се спогоди и нема целосно да одговара.
Пред вас е нова анкета. Прашањето гласи:
Македонија нема да продолжи со ЕУ интеграциите додека не се донесат уставните измени, додека Албанија продолжува понатаму. Дали сметате дека исправна е одлуката да не се менува Уставот?
1.Да, сосема се согласувам бидејќи се преголеми отстапките што ги правиме.
2.Да, делумно се согласувам бидејќи е долг процесот на влез во ЕУ.
3.Не, со ова државата губи шанса за влез во ЕУ.
4.Не, ова е победа на евроскептиците.
фото: Freepik