Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд запленија девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата.
-Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во предниот дел од моторот под акумулаторот во фолија и во пластична зип кеса се пронајдени скриени 7.000 евра странски девизи, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило. Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него поднесена соодветна пријава, информираат од Царина.