Колку и да мислиме дека добро се претставуваме, некои навики ја издаваат сиромаштијата.
Често велиме дека не ни е важно што мислат другите за нас, но сепак даваме се од себе за да оставиме добар впечаток кај сите. За нас е важно другите да мислат дека сме образовани, успешни, но и дека „парите не ни се проблем“. Сепак, експертите тврдат дека овие навики ја издаваат сиромаштијата.
Купувате копии
Колку и да сакате да ја имате новата чанта “Jacquemus„, која е навистина статусен симбол и познатите дами обожаваат да ја носат, купувањето слична не е решение. Оригиналот, без разлика на брендот, е подобар од копија. Затоа, секогаш избирајте квалитетни парчиња „без име“ наместо фалсификати кои често ја чинат целата ваша плата.
Земате кредит дури и за да купите мобилен телефон
Би било одлично кога би можеле да си дозволите телефон од најновата генерација или одмор на Куба, но ако веќе не можете, не е вистинското решение да ја исполните оваа желба со позајмување. Потрошувачки кредити за нов телефон, телевизор или годишен одмор, според експертите, земаат луѓе со ниска финансиска писменост. Важно е да се „испружите колку сте долги“.
Платата ти трае два дена
Штом ќе ви дојде платата, почестете се со колегите или пријателите бидејќи „Зошто да не, животот е еден!“. Експертите тврдат дека тоа е најчесто начинот на оние кои немаат пари и дека се обидуваат да го надополнат со расфрлање. Сепак, математиката е неумолива, неконтролираното трошење на почетокот на месецот води до долгови.
Важно е да ги промените лошите навики и да уживате во финансиска сигурност.