Оваа среда, 13.12.2023, стенд ап комичарот и љубител на пастрмајлија, Игор Стојанов- Баркли, е во поход да ја насмее штипската публика.
Тој на штипјани ќе им понуди незаборавно 90-минутно дружење и загарантирани насмевки со неговото шоу насловено „Мојот живот, не е прича тажна“.
Настанот ќе се одржи во познатото кафуле „Кофи Лаб“ во „Штип Сити Мол“ со почеток во 21 часот.
Сите заинтересирани можат да го осигураат своето присуство со купување на билет во самото кафуле, кој чини 200 денари. Билети можат да се резервираат и на телефонскиот број 074 202 222.
Инаку, Баркли е стенд ап комичар во подем кој на јавноста и е исто така познат и преку хумористичното шоу „Зевзекманија“. Тој зад себе има десетици успешни настапи, и стотици изедени штипски пастрмајлии.
Еве мотив за уште еден успешен настап и уште една изедена пастрмајлија.