Александар Толоманоски, по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид, информираат од ВМРО ДПМНЕ и додаваат:
„Тој во најитен рок ќе биде и исклучен од партијата“.
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски, викан Дандаро, работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос.
-ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува за секое незаконско однесување и постапување без оглед на политичка, верска или било каква друга припадност. СДСМ наместо евтин популизам и двојни стандарди нека побара од Спасовски до крај да го расветли двојното убиство кое ја потресе јавноста, како и да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања, иформираат од партијата