Претседателот на РКЕ Марко Бислимовки на тв гостување вчера истакна дека не се исклучува можноста за зголемување на цената на струјата, но дека место за паника нема.
- „Не е исклучена можноста за да пости зголемување на цената на струјата поради што потрушувачката на електричната енергија е намалена за 10% заради поставувањето на фотоволтаци– но секако ќе се најдат соодветни креативни решенија што е во наши рамки. Доколку се држиме до плановите за домашно производство на домашна енергија ќе немаме проблеми’’, рече Бислимовски.
Тој додаде дека во однос на снабдувањето со електрична енергија според податоците со коишто располага ЕСМ производните капацитети се во добра кондиција.
- Од први декември официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата. Кај нас во Македонија сите броила се дигитални но – не значи дека секое дигитално броило има далечинско очитување како што ќе доаѓа отчитувачката група за да се промени така ќе биде променета енергијата од скапа во евтина. Потрошувачката за Декември – ќе биде со целосна применета евтина тарифа. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат повеќе од 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе биде 90% завршена. Никој нема да биде оштетен’’ – нагласи Бислимовски.
Првиот човек на Регулаторна објасни дека постоеле комуникациски пробелми во однос на снабдувањето со топлинска енергија но дека истите се надминати.
Според него она што е карактеристично за овој период е дека имаме пад на нафтата и нафтените деривати но тоа е заради осцилациите на берзите, тврди претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.