На “Балканските награди на туристичката индустрија 2023” која се одржа доцна синоќа во хотел “Hyatt Regency”, во Софија, Аурора Ресорт & Спа се здоби со уште една златна статуа со номинација: THE BEST Wedding, Mountain Resort & Air Spa, “AURORA RESORT & SPA”.
Наградата ја подигна менаџерот на хотелот, Аврамовски Бојан, а за успехот на хотелот и новата награда се заблагодари на подршката и напорната работа на целиот тим во хотелот како и на позадината и константната посветеност на самите сопственици.
– Горд сум на досега сработените ангажмани и успеси, мотивирани за уште поголеми успеси продолжуваме напред, со уште поголеми понуди и услуги. Заедно чекориме напред. Да ни се множат признанијата и успесите. Во хотелот работам од 2018 година до 2020 како Food and Beverages Manager, а веќе од 2020 до ден денес како Operations Manager.
Моето искуство во туризмот започнува во 2013 година, на моја 21 годишна возраст, кога заминав во Ocean City Maryland, во САД преку програма за студенти што ја водеше туристичката агенција „Аурора Турс“, од Скопје, Северна Македонија (матица на хотел Аурора Ресорт и Спа, а со задоволство ќе речам и матица на мојата кариера во областа на туризмот.)
Подоцна во 2014 година заминав во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, каде преку многубројни проекти, тренинзи и натпревари, моето знаење во оваа индустрија го збогатував работејќи во едни од најлуксузните хотели во тоа време Le Royal Meridien Beach Resort and Spa и Grosvenor House Luxury Collection. Приказната од Дубаи ја завршив во 2018 година, кога повторно се вратив во Македонија и одново ја продолжив мојата кариера во Аурора Ресорт и Спа (ќерка на Аурора Турс), една од најуспешните и најстари туристички агенции во Македонија, со над триесет годишно искуство, вели Аврамовски.
Успешната приказна во која се развивала и растела „Аурора Турс“, доживеала вистинска експанзија, со раѓањето на „Аурора Ресорт и Спа“ во 2011 година.
Патувањата, истражувањата и искуствата од хотели и атракции на ексклузивни дестинации ширум светот, собрани во пакет, разбудиле желба и идеа за нови предизвици и почетоци. Семејството „Аурора“ порасна, „ Аурора Ресорт и Спа“.
-Атрактивна дестинација, 1100 метри надморска височина, терен кој плени со зеленило и борова шума, коридор со висока кислородна концентрација, вгнезден на позиција која плени погледи кон раскошноста на еден од најубавите кањони на Малешевските Планини, распостран на површина од 5 хектари, рефлектиран од блесоците на Беровското Езеро оддалечено на стотина метри, камен по камен, дрво по дрво, по светски стандарди и критериуми, никна едно од нашите најголеми достигнувања на кои сме посебно горди, се дел од зборовите на сопствениците на Аурора, кои за жал не успееа да присуствуваат на овој голем настан за нив, за семејството, за мене, за целиот тим и името на хотелот и брендот. Изграден од локален вулкански камен, користејќи исклучиво еко продукти, „Аурора Ресорт и Спа“ е вистински еко-ресорт, единствен во регионот, воздушна бања. Поставеноста, содржината, уредувањето како и високите стандарди имплиментирани и во најситни детали, отвирија нова ера на туризмот во тоа време, додаде Аврамовски.