Македонија жали, институциите максимално посветено и во најбрз можен рок ги разоткриваат деталите за грозоморното двојно убиство што ги потресе жителите на земјава, а некој од сето тоа со сите сили се труди да дојде до ситни политички поени.
Партијата Левица преку една од нивните лажни страници на социјалните мрежи се обидуваат да организираат протест за смртта на Вања, во обид да го политизираат настанот и да ќарат евтини политички поени.
Една од ваквите страници на Левица, која е со сосема друго име, но редовно ги споделува партиските соопштенија и настапи, повикува на протест во сабота, обидувајќи се да ја искористи целата трагедија и емотивната ситуација за политички цели.
Но народот за среќа знае да препознае што е што, па така ваквите обиди не наидоа на поддршка од широките маси, кои се погласно на социјалните мрежи реагираат на невкусноста на овој политикантски обид.
Водителката Миа Костова на социјалните мрежи запраша за што се протестира, па и пред зградата на девојчето додека семејството е уште во шок.
- „Јас се извинувам, за што се протестира? Па уште пред зградата на девојчето, семејството уште во шок, Вања во судска медицина, вие ќе шетате со нејзини слики? Сериозно? Па сликата со која повикувате, со некој језив фотошоп што ја шерувате…натакната глава од девојчето на некој бел фустан…Мозок ви недостига, тоа ве прави морбидни“ напиша Костова.
Слично реагираа граѓаните и на сличните обиди за политиканство и од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
По прес-конференцијата на пратеникот Игор Јанушев кој изнесуваше шпекулации и дезинформации остро реагираа дека не е време за политиканство и ги обвинија дека се грозни што се обидуваат да добиваат политички поени во време на ваква трагедија.
Во меѓувреме, по акцијата на МВР во соработка со Јавното обвинителство, службите го расчистуваат случајот и ја откриваат ситуацијата, па разбирлив е гневот на граѓаните од ваквите обиди за политизација на случајот.