Определен е притвор од 30 дена за четворицата убијци на малата Вања Ѓорчевска и Панче Жеежовски, информираат од ОЈО.
Мгу нив 30 дена притвор доби и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
Основното јавно обвинителство Скопје доцна вечерва донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик. Петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело – Грабнување на малолетно лице.
Љупчо Палевски Палчо по враќањето веднаш ќе замине во притвор.