Да се живее до длабока старост со личност која неизмерно ја сакате е неизмерна среќа. Малку се оние кои својата љубов ја започнале во тинејџерските денови, а ја задржале десет децении подоцна. Вистински пример се Дороти (103) и Тим Волтер (102). Тие се сметаат за најстариот пар во Велика Британија кој не се скарале точно 81 година откако го кажале судбоносното „ДА!“
Тие првпат се запознале кога и двајцата имале 18 години, а се венчале на 21 година за време на Втората светска војна. Оформиле својата фарма за овошје, додека за време на војната Дорити работела во воена фабрика за правење делови за летечки чамци. Од друга страна, Тим често го возел својот велосипед за да се сретне со Дороти после работа. Тој изјави за “The Sun”.
Во екот на војната, Тим и Дороти се венчале на 21-годишна возраст во католичката црква Свети Џозеф во Њубери во 1942 година. Тие велат дека „никогаш не се карале“ цело време додека биле во брак, иако признале дека можеби понекогаш имале „различно мислење“. Имаат две ќерки. Љубовта кон бродовите и чамците ја користеле за често патување низ Европа со нивниот брод.
Dorothy and Tim Walter, who are 103 and 102 years-old, respectively, say the secrets to the longevity of their relationship (and their lives) is never arguing and spending as much time as possible outdoors…https://t.co/xhvwZyN3Ye
See also:
Near-Death Experiences On The…
— NHNE • NDE (@nhneneardeath) December 2, 2023
Еден мал совет што парот им го кажал на сите други е да поминуваат време надвор и да патуваат заедно што е можно почесто.
На прашањето каков совет би им дале на луѓето кои сонуваат за долг и среќен брак, Тим рекол:
„Не можете да укажете на една работа, но ако сте задоволни со животот и со вашиот партнер, ќе бидете и вие“.
Прабаба и прадедо на три правнуци признале дека им било тешко да се откажат од независноста кога се преселиле во старечки дом и дека им требало малку да се навикнат. Сепак, тие сè уште ја задржаа бистра смисла за хумор, а на прашањето како е да имаш 102 години, Тим низ смеа одговорил – „Едноставно е непотребно“.