Таткото на убиеното 14-годишно девојче Александар Ѓорчевски вечерва оди во истражниот затвор во Шуто Оризари.
Кривичниот суд го прифати барањето на обвинителството за 48-часовен притвор.
Тој беше донесен во Кривичниот суд од полициската станица „Центар“ каде последните 24 часа беше на распит.
Телата на двете жртви 14-годишната Вања Ѓорчевски и на 74-годишниот Панче Жежовски се на обдукција во Судска медицина. Во текот на утрешниот ден се очекуваат ДНК-анализите по што најверојтно ќе биде побаран и подолг притвор за четворицата осомничени.