Убиството на Вања и Панче ги потресе сите, сите сочуствуваат со семејствата на починатите.
Оттаму и информацијата од МНТ дека се откажуваат претставите денес и утре.
-Поради настанот коj длабоко ја потресе целата јавност, РСМ НУ Македонскиот народен театар сочувствува со семејствата на починатите и ги откажува изведбите на претставата ,,Кец на десетка” закажана за 4.12.2023 г. и претставата ,,Животот е прекрасен” со датум на изведба 5.12.2023 година, се вели во соопштението од МНТ.