Трибини со цел подигање на свеста за заштита на машкото и женското здравје, во рамки на караванот “Не чекај! Превенирај”во текот на октомври и ноември беа организирани во повеќе градови низ Македонија од страна на владејачката СДСМ, како дел од политиките и мерките на партијата за заштита на здравјето на граѓаните.
Голем број познати доктори, специјалисти говорејќи на трибините упатија јасен апел до граѓаните дека секое безболно топче (тумефакт) може да доведе до јасни компликации и да предизвика импакт врз нивното здравје.
Како и секогаш и овојпат СДСМ им го понуди најдоброто на граѓаните – од секој можен аспект, оставајќи белек како партија којшато има општествен морал, свест и одговорност, па така меѓу оние кои беа дел од караванот се најдоа имињата на најдобрите, како проф д-р Венко Филипче, проф. д-р Калина Гривчева Страделова, проф. д-р Сашо Дохчев, проф. Д-р Гордана Антулевска – Белчевска, проф. д-р Христијан Костов, спец. д –р Елизабета Чипуровска и асс.д-р Маја Манолева, заменик министерка за здравство како и проф.д-р Ана Данева Маркова и д-р Диме Коцев.
Со своето долгогодишно искуство во клиничката пракса, докторите специјалисти јасно и прецизно им ставија до знаење на присутните граѓани колкаво е значењето на навремените прегледи, посочувајќи на тоа дека тие се клучен елемент за здравствената состојба на секој поединец.
Како што велат од СДСМ, целта на караванот е да се подигне свеста на граѓаните без разлика на нивната припадност а со самото тоа да се зачува и нивното здравје – бидејќи здравјето е најмоќното оружје со коешто може да располага секој еден поединец.
Граѓаните се тие коишто го избираат најдоброто и тие ја препознаваат секоја активност од страна на СДСМ којашто секогаш е за да се има подобар животен стандард и начин на живеење.
Караванот насловен како „ Не чекај превенирај’’ наиде на огромна поддршка од граѓаните.
Во текот на месец Октомври или познат уште како месец на женското здравје, покрај апелите за превенција и рак на дојката, гласно се говореше и за новата скрининг програма на Министерството за здравство, кадешто преку порталот скринин.мк, секоја наша сограѓанка самоиницијативно може да се пријави и да си закаже скрининг на дојка. Ова е новитет, кој го воведе Владата со поддршка од Министерството за здравство за разлика од претходно кога за преглед се чекаше со месеци.
Она што е непоходно е да се знае дека исто така освен програмата за скрининг, изработени се и нови протоколи за пред и по оперативен третман за онколошките пациентки и за нив има одделен скринг – а тоа значи намалена гужбва пред кабинетите за дојка и полесен пристап до услугите.
Во рамките на скрининг програмата најзначајно е да напомене дека – комплетната партиципација за прегледот е покриена од страна на Министерството за Здравство.
Од друга страна пак – Ноември ја носи приказната за машкото здравје или уште познат месец како „Моември’’ на кој акцентот се става за најчестите машки болести и како да се направи нивна превенција. Како најчести машки болести на кои особено треба да се внимава се : Карциномот на тестиси и простата.
Министерството за здравство се труди да го вклучи во скрининг програмата и карциномот на простата – со што би имале полесна и значајна превенција на болеста за да не дојде до развој на компликации.
На трибините, се зборуваше и за завршувањето на новата скрининг програма во рамките на Министерството за Здравство, за колоректален карцином – карцином кој ги зафаќа и двата пола и е често и сериозно заболување и затоа од почетокот на Јануари се почнува со активно користење на скрининг програмата за колоректален карцином.
Караванот „Не чекај превенирај’’ ширум државата со громогласни аплаузи од граѓаните беше поздравен во градовите ширум државата, а СДСМ како оштествено одговорна партија уште еднаш ја покажа својата одговорност испраќајќи апели за подобрување на здравјето на граѓаните.
Владата предводена од СДСМ зад себе има резулати што прават општествен напредок во секој општествен сегемент. Сепак граѓаните и нивната заштита и унапредувањето на животниот стандард се секогаш ставени на прво место во градењето на долгорочните планови и стратегии на партијата.