Двајца скопјани биле истепани од обезбедувањето на специјалната болница Бардовци.
-На 28.11.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Карпош, С.Б.(29) и Н.Н.(28), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 01.00 часот во просторијата во која биле сместени во судското одделение во специјална болница на подрачје на Бардовци биле физички нападнати од две лица кои работеле како обезбедување, кои употребиле и тврди предмети. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...