Министерството за внатрешни работи со фотографија и опис објави во регистарот дека Вања Ѓорчевска е исчезната.
„ЃОРЧЕВСКА ВАЊА, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје.
Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар Скопје.
Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темнокафеава, очи кафеави, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон ајфон“, пишува во описот на веб страницата на МВР.