Слаѓа Делибашиќ пред неколку години имаше сериозни здравствени проблеми за кои не сакаше јавно да зборува, не сакајќи на тој начин да добие публицитет, пишува курир.рс.
Меѓутоа, неодамна во една емисија случајно откри дека ги оперирала градите и дека од тогаш редовно ја проверуваат.
-Прво го оперирав коленото, всушност менискусот, а потоа полипи на гласните жици, а потоа при тие прегледи открија дека имам промени во градите. Лекарите го откриле сосема случајно. Потоа ми ги оперираа градите и жлездите под пазувите. Откриле дека се работи за тумор, кој, за среќа, бил бениген. Да не беше откриено тогаш, којзнае што ќе се случеше подоцна, бидејќи ми беа заафатени пазувите, имав голема среќа – вели Слаѓа.
Делибашиќ напоменува дека ова и бил многу стресен период во животот, на кој не сака ни да се сеќава, но свесна е дека темата е важна, па решила сега да зборува за тоа.
-Тоа беше пред десет години, сега се грижам за сето тоа, одам на редовни контроли, лекарите ја следат мојата состојба доколку има некакви промени. Сакам јавно да апелирам до сите жени, но и до сите мажи, да се грижат за своето здравје. Превенцијата е најважна, бидејќи ако болеста се открие навреме, се може да се излечи. Сестра ми неодамна го имаше истиот проблем, рак на дојка. За среќа, се се заврши добро, успеа да се снајде – ни раскажува таа.
Мајката на Слаѓа починала од рак на дојка на 37 години, што било голема траума за целото семејство. Слаѓа тогаш имала само 12 години.
– Во моето семејство од страната на мајка ми речиси сите ја имаа оваа болест, која не сакам ни да ја именувам. Мислам дека има врска со генетиката и наследноста. Од тоа освен мама, прво починал еден вујко, а потоа уште еден. Исто така, сакам да кажам дека луѓето не треба да живеат во страв од тоа бидејќи автосугестија може да предизвика секакви нешта. Она од што се плашите може да се повика ако постојано размислувате за тоа – заврши Слаѓа.