Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на 14-годишната В.Ѓ откако вчера нејзината мајка го пријави нејзиното исчезнување во полиција.
– За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжи интензивно и во текот на ноќта, се вели во соопштеието од МВР.
Оттаму апелираат да не се шират дезинформации и дека МВР постојано ќе ја информира јавноста до пронаоѓање на малолетничката.
Случајот во полиција вчера утрото во 08:35 часот го пријави мајката на девојчето.