Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во своја објава на Фејсбук по повод преговорите на Мицкоски со Апасиев за коалиција за претстојните парламентарни избори напиша дека нештата станале јасни и дека сега точно се гледа кој е за режим и изолација, а кој е за подобар животен стандард на граѓаните.
„Во Македонија има проруски и проевропски фронт. Фронт кој сака режим и изолација повторно и фронт кој сака повисоки плати, пензии и подобар животен стандард.
Фронт за заробени медиуми, заробена држава и слободарски фронт“, вели Богоев во својата објава.
Тој испрати порака до граѓаните дека можат сами да изберат и одлучат.
„Глас за Апасиев е глас за Мицкоски и обратно. Коалиција Девица!“, заклучи Богоев во објавата.