„Широката коалиција на СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ во обид да го протурка деловникот кој овозможува диктатура на секоја идна влада и непостоење на било каква опозиција. Веднаш по отворањето на Седница, пратениците на Левица ја прекинаа и најавија борба до крај!“.
Со овие зборови партијата Левица го објаснуваат однесувањето на двајцата нивни пратеници во Собранието, кои бараа прекин на седницата, по што почнаа да фрлаат со хартија со напишаните амандамни по потпретседателот Горан Мисовски. Во еден момент беше скршен и компјутерот.
Седницата по индидентот беше прекината.
Левица поднесе 2.000 амандамни во обид да се спречи донесувањето на новиот Деловник на Собранието. Сите беа одбиени од претседателот Талат Џафери, по што се случи индидентот и работата на пратениците е прекината.