Покрај концептот базиран на новото туристичко лого “Taste Life” , Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оваа година со побогат коцепт се претстави на саемот “Винска Визија на Отворен Балкан”.
Од страна на врвните мајстори, пред широката публика на оваа саемска манифестација беа презентирани техниките на резбарскиот и филигранскиот занает како дел од историското и културното наследство на земјава.
- Саемот “Винска Визија на Отворен Балкан” е одлична можност за дополнителна промоција пред потенцијалните туристи од регионот и задржување на позитивните резултати од 2023 година и во наредниот период, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Од таму истакнуваат дека Македонскиот туристички сектор во првите девет месеци од 2023 година оствари 2.700.000 ноќевања, конкретно учеството на српските ноќевања од вкупниот број странски туристички ноќевања остварени во државава е 10%, што е одличен показател за значењето на српскиот туристички пазар.
Како што велат од Агенцијата, преостануваат уште три месеци од годинава за постигнување на целта од 3,2 милиони ноќевања и повеќе од 530 милиони долари туристички промет.