Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска организраат протест пред Граѓанскиот суд во Скопје.
Протестот се организира да се крене гласот против судската пракса воведена со пресудата против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) со која судот си додели улога да одредува кој смее, а кој не смее да биде новинар.
-Судот нема право да утврдува кои онлајн медиуми и граѓански организации смеат да се бават со новинарство, се наведува во најавата за протестот од ССНМ.