Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, го најави својот ексклузивен концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 26-ти април во „Македонска Филхармонија“.
Грашо несомнено важи за еден од најталентираните, но и најумерени музичари на денешницата. Апсолутно се што ќе сними и сработи прераснува во хит, па со леснотија полни концертни сали ширум регионов.
Музиката е нераскинлив дел од неговата душа, а тој пак е музички илузионист, со тежина која повеќе од 25 години не може да се измери, но затоа пак може да се препознае и почувствува нејзината вредност.
Помина низ безброј различни искуства, но сепак не ја изгуби својата природа и оригиналност. Tокму и затоа, во моментов претставува хрватска институција.
„Ako te pitaju“, „Moje zlato“, „Utorak“, „Ko nam brani“ се фантастични песни кои со огромно задоволство ќе ги слушаме на 26-ти април, заедно со уште многу други. Влезниците за концертот се пуштени во продажба од денес.