Не сакав да верувам дека двајцата луѓе на кои најмногу им верував на целиот свет можат така да ме изневерат, рече Кетрин, мајка на две деца од САД која на ТикТок тврди дека нејзиниот сопруг ја изневерувал со нејзината мајка и дознала за тоа од нејзината баба.
-Првата чудна работа што ја забележав е дека мојот сопруг и мајка ми почнаа да се поздравуваат поинаку. Наместо странична прегратка, мајка ми ќе ги завитка рацете околу неговиот врат, а потоа тој ја вртеше во круг. Тој исто така почна да и ги трие стапалата на мајка ми пред мене.
На денот на вљубените, само два дена пред да дознае за нивната афера, тој и донел цвеќе и на неа и на нејзината мајка.
-Но, најголемиот знак на сомнеж беше кога во неколку наврати пред сведоци кажаа како двајцата ќе завршат заедно ако нешто ми се случи мене и на тато – додаде таа и спомна дека раскинала со него, пренесува Њујорк Пост.
Еден ден дошла нејзината баба и рекла дека мисли дека нешто се случува помеѓу нејзиниот сопруг и нејзината мајка. И забележала дека и двајцата се однесуваат чудно.
@katenacious How I found out my husband was having an affair with my mother PART 1 #cheater #cheaters #affair #mommyissues #adultery ♬ original sound – KATenacious
-Ме охрабри дека вистината секогаш излегува на виделина и така беше – изјави таа.
Една вечер во февруари минатата година, додека нивните ќерки близначки веќе спиеле, таа му се јавила на својот сопруг на Фејс тајм за да го праша кога ќе заврши работа бидејќи веќе било поминато 21 часот. Работел како доставувач, а Кетрин забележала дека тој не е на местото што и кажал, туку на друга локација.
-Малку се скаравме, па се влоши ситуацијата. Одеднаш слушнав женски глас и тој се сврте кон совозачкото седиште. Станав многу сомничава и го прашав сопругот дали има жена со него, а тој едноставно ме нарече луда. Срцето ми чукаше во градите. Ми требаа неколку минути за да доживеам напад на паника и да заплачам. Сфатив дека моите сомнежи се оправдани – се присетила таа.
Погледнете како изгледаат нејзината мајка и бившиот сопруг ТУКА
-Му се јавив уште неколку пати подоцна, откако одби да покаже кој седи до него. Во тој момент бев 99 отсто сигурна дека тоа е мајка ми. Едноставно го имав тоа претчувство – изјавила таа.
Тогаш решила да ѝ се јави на својата помала сестра која сѐ уште живеела дома со нејзините родители.
-Сестра ми ги потврди моите сомнежи. Таа ми кажа како мојот сопруг ја собрал мајка ми порано тој ден за да оди со него на достава. Ја замолила сестра му да не ми спомнува – продолжи таа.
Подоцна и се јавила на мајка си и, вели, одговорила дури по осми пат. Најпрво и двајцата ја негираа аферата, но на крајот признале дека се љубовници.
Кетрин веднаш ги собрала децата и ја напуштила куќата, а мајка и се вселила.
-Му поднесов документи за развод во кои пишуваше и дека ќе поднесам барање за стопроцентно старателство над нашите деца. На мојот сега веќе поранешен сопруг му здосади мајка ми и ја избрка од дома, а татко ми ја врати со раширени раце. Моите родители до ден денес се однесуваат како аферата да не се случила – изјавила таа.
Според нив, аферата никогаш немаше да се случи доколку Кетрин не беше толку „ужасна ќерка“ и „ужасна сопруга“.