Канадскиот зависник од тетоважи Реми е покриен со тетоважи од глава до пети, а сега ги истетовира и очните капаци.
Зависник од тетоважи чие тело е речиси целосно покриено, откри дека нема да престане да се тетовира наскоро и ја покажа својата најнова тетоважа.
Поранешниот готвач Реми со текот на годините потрошил повеќе од 75.000 фунти за трансформирање на своето тело. Канаѓанецот е покриен од глава до пети со тетоважи за кои биле потребни повеќе од 1.300 часа работа. Сега уметникот за тетоважи и неговиот менаџер Роки Маунтин го открија неговиот застрашувачки нов проект, пишува Мирор.
Реми ги покажа своите нови тетоважи со лилјак на очните капаци.
@ephemeral_remy New eyelids bats by my good friend @Lee good times and fun memories! . #eyelidtattoo #facetattoo #bodymods #bodyart #tattoo ♬ Batty Bat – Count Von Count & Ftatateeta & The Bats
Во видеото објавено на социјалните мрежи, Реми, кој е во брак со сопругата Сара од 2016 година, ја покажа својата најнова тетоважа и рече:
-Нов слеп миш за очните капаци од мојот добар пријател. Добри времиња и уште подобри спомени, какво забавно искуство.
Зборувајќи за болката, тој додаде:
-Тоа не беше многу болен процес, само интензивен од различни причини. Вашето око има тенденција да се обиде да се отвори или да трепне кога ќе направите тетоважа.