„Спонзорирана објава“
ИРЛ се осудени за клевета поради тоа што судот утврдил дека во нивната емисија:
– свесно лажеле за содржината на официјален состанок одржан во Владата;
– лажеле дека БРАКО и Кочо Анѓушев имале некаква врска со темата мазут и тврделе пред судот дека имаат докази и договори кои во судењето никогаш не ги приложиле (бидејќи истите не постојат);
– лажеле дека Анѓушев не сакал да одговара на нивните прашања, а всушност никогаш не го прашале и не му кажале што подготвуваат во однос на него лично и на неговите фирми; и
– намерно конструирале реченици и инсинуации во емисијата од кои било јасно видливо дека целта не им била да информираат или да реализираат други цели за што се формирани, туку целта била токму да се нанесе штета на Анѓушев и на неговите фирми.
Покрај лагите во нивните емисии и текстови, ИРЛ во изминатите денови се обиде да излаже дури и за причината зошто се осудени.
Во пресудата јасно стои дека се осудени за клевета, и сторената клевета е јасно образложена.
Тоа со што оваа група се обидува да ја манипулира јавноста е фактот што пресудата вели дека „Правото на слобода на изразување“ и „Правото на почитување на приватен и семеен живот“, во кое спаѓа и правото на чест и углед, се ,,заштитетни права на еднакво ниво” според Европската конвенција за човекови права.
Toa значи дека и двете имаат иста тежина, се додека едното право не почне да го загрозува другото, што во случајот и настанало.
Имено, правото на ИРЛ слободно да се изразува преку користење неколку видови содржински лаги во емисијата, го нарушило правото на чест и углед и правото на почитување на приватен и семеен живот на тужителот. Уште пострашно е што е утврдено дека целта на тоа слободно изразување во 2021 година не била друга, туку целта била наменски да му се наштети на Кочо Анѓушев, што како намера од нивна страна се потврди и во следните години со други нивни лажни написи и емисии, а се е случува и денес, за што сведок е целата јавност.
Судот образложил дека кога едно еднакво право загрозува друго еднакво право, тогаш судот може да го ограничи загрозувачкото право, без оглед дали е тоа и право на слободно изразување и без оглед дали се работи за медиум и новинар.
Овде судот дополнително нагласил дека во случајов дури и не ограничил медиум и новинар, бидејќи тие не се тоа според Законот во државата.
ИРЛ се обиде да ги изврти овие делови од пресудата и да ги искористи за манипулирање на јавноста со цел да ја спаси својата ниска доверба, а со цел да го спаси обидот своите играни филмови по мотиви од реалноста лажно да ги прикажува како документарни филмови, што е недозволиво дури ни во индустријата за ентертејмент, а во новинарството каде претендираат-е незамисливо.
Дали ИРЛ се медиум или не, пишува во позитивните законски прописи на државата и тоа не е предмет на мислење или став на било кој општествен и државен субјект. Тоа што е важно е дека ваквото клеветничко, неетичко, неодговорно и однесување со предрасуди, е за осуда без оглед да се работеше и за телевизија или за печатен медиум, вклучувајќи го и Јавниот сервис кој некритички пренесува надворешни содржини обидувајќи се да ги усвои со уреднички потпис.
Одговорни новинари во ниедна држава нема да работат на уништување на угледот на еден од носителите на економијата во државата, но овде вистинските причини за лагите кои се затскриваа зад изразот ,,јавен интерес”, подоцна излегоа во јавноста заедно со вистинските информации за чија корист истото е правено, кој во земјата всушност увезувал мазут и кои биле партнери и конекции на тие субјекти.
На крај, како компанија информираме дека на оваа група во неколку наврати во минатото од наша страна и се давани одговори на нивни прашања, се додека не е утврдено дека имаат други цели кон компанијата и сопствениците, како и позадината на истите.
Оттука, контактот со оваа група е прекинат, а во иднина нема да се придава важност на истата ниту по судски пат, што важи и за сите новинарски здруженија и совети кои неосновано и без критериуми застануваат во нивна одбрана, а кои здруженија имаат судир на интереси со оваа група по роднински, семејни, кумски и врски по грантови и проекти за кои оваа група ги доведува во заблуда давателите на истите заради купување поддршка за себе во овие асоцијации.