По денешната изјава на министерит за здравство, Фатмир Меџити, дека е крајно време е Обвинителството да излезе со точно име и презиме за случајот со Онкологија.со соопштение се јавија од Јавното обвинителство.
-Јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да ѝ наштети на постапката, реагира Јавното обвинителство по изјавата на министерот за здравство Фатмит Меџити.
Обвинителството по изјавата на министерот излезе со реакција во која посочува дека обвинителите работат темелно и одговорно, почитувајќи ги сите законски рокови.
-Јавното обвинителство апелира политичарите да се воздржат од употреба на овој чувствителен предмет во политички цели, порачуваат од Обвинителството.