За љубовта на познатиот актер Лазар Ристовски (71) и неговата 39 години помлада партнерка и колешка, Аница Лазиќ не престанува да се зборува. Таа е сѐ поактивна на социјалните мрежи, па често успева да предизвика интерес во јавноста.
Аница сега ги „подгреа“ гласините за свршувачка со Лазар. Таа на Инстаграм сподели фотографија накоја се гледа дека ужива во неделното попладне. Сепак, таа од нејзините фанови не успеа да сокрие дека носи прстен.
Аница не го искоментира прстенот, но под објавата сепак доби многу коментари во врска со него, така што на своите фанови не некој начин им остави „мистериозна“ порака.
„Недела е за колачи со саканите“, напиша таа под фотографијата.
За потсетување, Аница неодамна на социјалните мрежи сподели две пораки во кои судејќи по сѐ, се пронашла па сакала сите да ги видат.
„Честитки на храброста да го следите своето срце. Тоа не може да биде погрешно доколку вашите намери се чесни“, пишува меѓу другото, во една од пораките.