Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) Ентони Блинкен утрово пристигна во Анкара, но Турција не испрати висок функционер да го пречека на аеродромот.
Блинкен отпатува во Турција за да оствари средби со министерот за надворешни работи Хакан Фидан во врска со војната во Газа.
Сепак, според турските медиуми, додека авионот со Блинкен слетал на аеродромот во Есенбога, ниту еден висок турски функционер не отишол да го пречека американскиот секретар. Ова е првпат Турција да го пречека американскиот секретар без висок функционер, пренесува мондо.рс.
🇺🇸🇹🇷 A chilly welcome: Blinken, whom Erdogan had previously criticized for an overly subjective approach to the Palestinian-Israeli aggravation, was met at the plane's ramp in Turkey by the Deputy Governor of Ankara and the US Ambassador. pic.twitter.com/aQ6c2w0FCa
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) November 6, 2023
Во добредојдената делегација на Блинкен беа американскиот амбасадор во Анкара Џефри Флејк, генералниот директор за билатерални политички прашања на Стејт департментот за Америка, амбасадорот Јапрак Балкан и заменик-гувернерот на Анкара Намик Кемал Назли.