Македонската јавност имаше прилика да го види текот на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, дијалогот меѓу гостинот Исмет Рамадани и водителот Александар Видиновски и интервенцијата на директорот Иван Мирчевски, кој побара извинување од Рамадани и ја прекина емисијата.
Рамадани не се извини во емисијата, не се извини ниту на водителот Видиновски затоа што го обвини дека ги дискриминира Албанците.
Видиновски денеска во „Стадион“ на Канал 77 објасни што се случувало по прекинот на емисијата. Додаде дека во јавноста се крена толкава прашина, но него никој ништо не го прашал.
Ова е прв пат некој да му се обрати , рече Видиновски.
-Оставаме половина час насамо во нашата тнр. „црвена соба“ и разговаравме за се’ што се случи. Нормално , бев нападнат, бев навреден и ми објасни после зошто. И покрај тоа што гледам дека тоа сега многу малку е тема на дискусија и мене тоа лично ме погоди. Затоа што мислам дека времето кога се жигосуваа, кога се етикетираа новинари, е завршено, е позади нас. Со Исмет Рамадани разговаравме детално, се заврши добро муабетот и на излегување тој мене лично ми се извини. Да објаснам – ми се извини затоа што тој мене практично ме направи албанофоб кажа Видиновски.
Новинарот – водител по инцидентот вели дека добил многу реакции и од Македонци и од Албанци.
– Меѓу првите што ми се јави е токму Агим Јонуз. Ми рече: „Александар, ти имаш еден голем проблем, затоа што си воспитано, градско дете“. Тој беше меѓу првите што ми даде поддршка. Она што ме боли е што целата дискусија се сведе на интервенција на уредникот и директорот на телевизијата, а не се сврте за да се разговара зошто по се’ што проживеавме изминатите 15 години, повторно на новинар му се мафташе во лице со прст и му се кажуваше дека прави етничка дискриминација. Поводот за тоа беше една сосема погрешна теза, рече Видиновски.
Додека течеше разговорот во „Стадион“, водителот Столе Наумов, му прочита порака од слушател на Видиновски, кој пишува: „Чекам кога ќе биде избркан Сотир Костов, Никовски за навреда кон Македонците“.
– На Сотир Костов сум му го исклучил микрофонот, сум барал јавно да се извини затоа што ги навредувал македонски Бугари. За тоа сме се оградувале а имало и македонски Бугари кои навредувале, одговори Александар Видиновски.
Во емсисијата „Стадион“, гости беа Иван Мирчевски, Зоран Иванов и Агим Јонуз.