Најголемата радост во животот на пејачот Јордан Митев се вика Кристина, неговата ќеркичка, која се роди минатиот месец, а која по желба на сопругата Славица ќе го носи ова убаво име.
Јордан и Славица со ќеркичката се уште се во Мелбурн, каде и се породи и откако ќе му заврши турнејата и кога Кристина ќе направи 40 дена ќе се вратат дома.
Јордан ова патување во Aвстралија ќе го памети не само по успешната турнеја, туку и по моментот кога неговото семејство стана комплетно и како што вели, куќата му се наполни. А за душата колку му е полна нема зборови да опише, бидејќи Кристина ја чекаа шест години, колку што се во брак со Славица.

-Шест години ја чекавме оваа среќа, шест години ја чекавме Кристина. А името е желба на сопругата, таа многу го сака ова име и не сакав да ѝ го скршам ќејфот. За следното ќе биде мој избор, вели насмеан Јордан за ММС и признава дека нивната принцеза личи и на двајцата.
Тој е презадоволен од болницата, каде се породи сопругата, особено од тоа дека присуствувал на породувањето.
-Присуствував на породувањето, навистина е чувство, кое не може да се опише. Човек тоа треба само да го доживее. Особено ако го доживее како јас на 37 години. Во такви моменти каков и маж да си се растреперуваш. Измешани чувства. Да видиш нешто што е твое. Славица е доста храбра, породувањето беше природно, помина лесно ама и јас бев до неа. Ја породи наша лекарка, Македонка и навистина сум благодарен на целиот тим на професионалноста, вели то за ММС.
Славица се породила природно, а бебети се родило тешко 2.600 килограми. И подрани, вели Јордан.

-Кристина е нашето највредно, навистина ни го наполни домот. Иако ја чекавме шест години сопругата остана бремена по природен пат, а природно и се породи. Така да го местевме времето немаше да се намести. Кога дознавме дека сопругата е бремена, сфативме дека времето кога треба да се породи треба да одиме во Австралија. Па ние шест години го чекаме бебето и затоа и реков Гопод така сакал, да се роди во Австралија. Ние тргнавме за Мелбурн и месец ипол порано, бидејки во 8-9 месец не можеше веќе да патува. Само што стасавме, јас одржав два концерти и бебето се роди. Месец ипол порано се роди. Штом побрза мора да е вредна и паметна како мене, а убава на мама, среќен вели Јордан, кој по враќањето веднаш има веќе закажани настапи пред и за време на новогодишните празници.
(В.М.)