Цел свет се збогува со актерот Метју Пери, кој беше пронајден мртов во неговото џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес.
Социјалните мрежи се преплавени со инсерти од култната серија „Пријатели“, каде Пери го толкуваше ликот на легендарниот Чендлер Бинг.
Во морето од снимки и моменти „Пријатели“, репликата на Чендлер од една сцена сега добива сосема нова, болна конотација, пренесува курир.рс.
Тоа е реплика што ја кажува Чендлер откако случајно ѝ ги скршил чиниите на Моника.
Станува збор за епизода во која има расправија за тоа на кого Рос и Рејчел ќе му го дадат своето бебе ако умрат.
Во еден момент, Чендлер се лути затоа што не е опција и затоа што се смета дека не е погоден за чување деца, а потоа случајно и го скрши омилениот комплет чинии за вечера на неговата сопруга Моника.
„По се изгледа јас ќе бидам првиот што ќе умре“, вели Чендлер во споменатата сцена, а многумина коментираат дека оваа сцена денес има посебна тежина, бидејќи тој навистина е првиот од легендарните шестмина што го напушти овој свет, а прерано, на 54-годишна возраст.