„Бисер балкански“, „Љубов неверна“, „Ај затвирете ми чалгии“, „Моја серенада“, „Бисер балкански“.., се само дел од познатите хитови кои се отпејаа на концертот „Легендите живеат вечно“ што се одржа викендов во Филхармонија, чија цел беше потсетување на песните на повеќе легендарни македонски пејачи и автори.
На концертот настапија Наде Талевска, Ламбе Алабаковски, Ивона Јо и Тамара Волческа, во придружба на камерен оркестар и придружни вокали и дуо труба и хармоника во песните на Есма и Гоце Николовски.
„Ај засвирете ми чалгии“ и „Моја серенада“ ги отпеа Наде Талевска, а публиката пееше заедно со неа. Ламбе Алабаковски во негов стил ја отпеа „Опасно сум вљубен во тебе“ и „Бисер балкански“.
Ивона Јо, која беше облечена како Есма ја пееше „Ѓелем ѓелем“ и „Ако згрешам нека изгорам“ но и „Цреша“ од Тоше Проески. Познатата на Влатко Илиевски „Најбогат на свет“ беше избор на Тамара Волческа, која ја испеа и „Громови на душа“.
Потоа на сцената повторно излезе наде со „Љубов неверна“, но и „Ангели ме носат“ и „Свирете ја зајди, зајди“.
На крајот Ламбе клекна пред публиката во „Бисер балкански“,а ги испеа и „Заветна“ и „Дали чекаш стара мајчице“..
Фото: Вангел Тануровски