„Спонзорирана објава“
Вчера, во хотелот „Мериот“ во Скопје, се одржа јубилејниот, десетти по ред, годишен настан Erste Investors’ Breakfast, конференција што и годинава во организација на Ерсте Групацијата и Шпаркасе Банка АД Скопје претставуваше уникатна можност за размена на искуства за актуелните случувања на домашниот и на глобалниот пазар, а се разменија и мислења на тема инфлација и нејзините влијанија меѓу домашните и странските гости, аналитичари и експерти.
На тема „Како да се скроти инфлацијата без да се поткопа финансиската стабилност и тешкото кредитирање и кои се предизвиците за централните банки“ говореше д-р Анита Ангеловска Бежоска, гувернер на Народна банка на Република Северна Македонија, а за процена на инфлацијата и зошто е толку тешко да се скроти, зборуваше г. Мате Јелиќ, виш макроаналитичар, Ерсте и Штаермеркише Банка.
По кафе-паузата, на тркалезната маса насловена „Инфлациските перспективи – навигација по променливиот економски пејзаж“ со г. Антун Буриќ како модератор, учествуваа и: д-р Глигор Бишев, член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, д-р Драган Тевдовски, професор на Економскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, д-р Симон Милошески, извршен член на Одборот на директори, Метро АД Скопје, како и г. Томислав Нералиќ, виш соработник/потпретседател, Сектор за пазари на капитал, Ерсте и Штаермеркише Банка. Панелистите дадоа свој осврт за тоа како инфлацијата влијае во различни сегменти, особено за нејзиното влијание врз економијата, корпоративниот сектор и банкарскиот сектор.
Завршен осврт изложи г. Томас Ајнрамхоф, раководител на Групни пазари за хартии од вредност, Ерсте Груп Банка, по што следуваше дружба меѓу присутните гости.
Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе како една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и во Источна Европа опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Во Македонија, Групацијата е застапена со Шпаркасе Банка АД Скопје и Шпаркасе Лизинг.