Камил Бартошек – продуцент, актер, инфлуенсер и инвеститор од Чешка, попознат под прекарот Казма, отпочнал наградна игра со главна награда од милион долари кои ги „подготвил“ во контејнер под брава со шифра. Меѓутоа, бидејќи не успеал да го запознае добитникот, одлучил сумата од милион долари на останатите натпреварувачи кои се пријавиле за наградната игра и тоа го направил навистина на бизарен начин.
Парите паѓале од небо
Сто илјади пријавени учесници во шест нутро добиле меил со информација за локацијата на која парите ќе бидат фрлени од хеликоптер. За да биде задачата малку потешка, натпреварувачите морале да ја дешифрираат испратената шифра, а на крајот, според проценките, на закажаното место се појавиле четири илјади луѓе.
Луѓето се појавиле со вреќи и ранци и ги собирале парите кои буквално паѓале од небото, а некои биле уште подосетливи, па парите ги собирале со помош на чадор. Настанот го следеле полицајци, пожарникари и доктори, но сепак немало потреба за никаква интервенција.
Видео од настанот може да го пголеднете овде.