Парис Хилтон им одговори на хејтерите кои на неодамна објавените фотографии го коментираа изгледот на нејзиниот син Феникс.
Фотографијата која за 19 часа има над милион лајкови, наиде на навредливи и грди коментари за синот на Парис, кој во коментарите беше опишан како „најгрдото дете на планетата“ и „на кого е толку грд“.
„Срцето ме боли повеќе отколку што зборовите можат да опишат. Ако не објавам слика од бебето, луѓето пишуваат дека не сум добра мајка. и ако објавам, има луѓе кои се сурови и полни со омраза. Мојот ангел е сосема здрав. Феникс е мојот свет и благослов. Секој ден со него ми е потсетник за тоа што е навистина важно – им одговорила на оние кои пишувале дека Феникс има чудна форма на глава и додала дека не може да верува дека има луѓе кои би го коментирале изгледот на детето.
-Има некои болни луѓе на овој свет. Мојот ангел е совршено здрав. И да, секако дека бил на лекар, едноставно има голем мозок“, напиша таа на ТикТок.
Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум добија син со помош на сурогат мајка. Ова е прво дете на Парис, додека нејзиниот сопруг Картер Реум веќе има ќерка (10) со ријалити ѕвездата Лаура Беличи. Момчето има девет месеци.