Вечерва на големата сцена во „Ацо Шопов“ во Штип на 38-то издание на фестивалот „Макфест“, за прпват ќе блесне и младата и талентирана пејачка Драгана Јовановска (16).
Драгана која на македонската јавност и стана позната по нејзиното учество во „Ѕвездичките на Пинк“ од пред неколку години, полека, но сигурно го гради својот музички пат.
Таа ќе настапи во првата вечер која е наменета за дебитанти, а ќе се претстави со песната „Случајно“, за која како автор на текстот се потпишува лично таа, а музиката ја направи заеднички со композиторот Иле Спасев.
Младата музичка ѕвезда вели дека е подготвена да стапне на сцената во Штип и да се претстави пред публиката.
„Едвај чекам да настап вечерва. Имам мала трема, но сметам дека таа може само да ми допринесе позитивно за вечерашниот мој настап“ – беше кусата изјава на Јовановска.
Инаку Драгана веднаш после „Макфест“ ќе го објави и видеоспотот за песната, кој веќе е снимен пред месец дена и тоа на едно од најубавите места во светот…