Од СВР Штип информираат дека вчера во штип се случила сообраќајка во која учествувале возило на МВР и брза помош од Кочани.
-На 17.10.2023 во СВР Штип било пријавено дека околу 12.40 часот на ул.„Каваклија“ во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“, сопственост на Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија и товарно моторно возило „рено трафик“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Јавна здравствена установа Кочани. Во незгодата, со телесни повреди се здобил возачот на возилото „мерцедес“ и Е.Ш.(45), сопатник во неговото возило, констатирани во Клиничка болница Штип, информираат од СВР Штип.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Штип